“Бојата на басот” во Филхармонија

Овој четврток, во 20 часот оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот „Бојата на басот“ на кој како солист на контрабас ќе настапи Ѓорѓи Цинциевски, а диригент е Сашо Татарчевски. На програмата се дела од Стравински, Рота и од македонската композиторка Дарија Андовска.

Композицијата „FairVent“ – за гудачки оркестар, перкусии и фиксен медиум, од македонската композиторка Дарија Андовска, е напишана како нарачка за проектот „B Matinee“ на „No Borders Orchestra“ во кој свират најдобрите музичари од Балканот. Посветена му е на овој оркестар и на Премил Петровиќ, диригент и уметнички раководител на овој оркестар, кој живее и работи во Берлин.

„Звучно, оваа комбинација е многу блиска со англискиот збор Fervent, кој означувапоседување или покажување страстен интензитет. Архитектониката и драматургијата на композицијата се поврзани со првенствена хаотичност која преоѓа во катарза и чувство за еднаквост со светот и со универзумот (или Бог) – јас сум сите и сите се јас, јас сум сѐ и сѐ е јас. Едно“, вели композиторката Дарија Андовска