Концерт на „Portron Portron Lopez“ во МКЦ
Вечерва, со почеток од 21 часот во МКЦ, во организација на Стотројка ќе се одржи концерт на „Portron Portron Lopez“ со локална поддршка Јоана Ристеска и Тодор Караколев.
Portron Portron Lopez се трио од Франција. Нивната музика е жива материја, адреналински фикс од психоделичен рокенрол, афро карипска ритмика, ориентална трансичност и заразна енергија. Имаат заразна енергија, на секој концерт му влегуваат до даска, како да нема утре. “Ice Scream Soufi” е насловот на нивниот четврти албум, кој излегува во мај и ќе биде достапен на винил и цеде. Концерт во вистинско време: слободен, вртоглав, наелектризиран, радосен. Го нарекуваат рокенрол за трамполина. Измислен за скокање.
Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку http://www.bileti.mkc.mk
Дизајн на постер: Кристијан Новковски