Фанк Шуи со концерти во Лондон и Ливерпул!

Фанк шуи со својот исклучителен талент и константна работа на својот израз,
ја започнаа 2022 година со онлајн претставување на најголемиот и најпрестижен шоукејс фестивал во Европа – Eurosonic во Холандија. 
Токму ова појавување покажа доста голем интерес од Европската публика. 
Оваа пролет Фанк Шуи објавуваат дека ќе ја започнат со гостување со два концерти во Англија. На 29ти Април го одржуваат својот концерт во Лондон,
а ден потоа гостуваат на добропознатиот Sound City фестивал во Ливерпул, на кој многу артисти од музичката идустријаја имаат започнато својата кариерата, меѓу кои и Ed Sheeran, Florence and the Machine, The XX, Alt J, The Kooks,  итн.

“Возбудени сме што ќе имаме можност да настапиме во Лондон и Ливерпул
и што ќе ја споделиме нашата музика со тамошната публика.
Почестени сме што ќе бидеме дел од програмата наSound City Festivalво Ливерпул, еден од најголемите
шоукејс фестивали во Европа. Исто така, со нетрпение го очекуваме и нашиот концерт во добро познатиот клуб „ The old blue last” во Лондон!


Бендот исто така во моментот е актуелен со 3 номинации за минатогодишното видеото “Не Време” во соработка со Вера Милошевска Јосифовска
на Muzzik Video Awards 2k21, во категориите најдобра камера,најдобра режија и фјужн.