Преполна сала за концертот на Битолскиот дувачки оркестар

Концертите во Битола, главно се случуваат во викенд кога природно се очекува многу публика. Но, последниот концерт на Битолскиот дувачки оркестар, докажа дека и една обична среда знае да ја наполни Големата сала на Центарот за култура.

Во 90 минутен концерт, во кој се редеа и џез класици за Биг Бенд оркестар и нумери на Френк Синатра, Џејмс Браун и Стиви Вондер во ритамот на фанк и соул, настапи овој возобновен оркестар под диригентската палка на Марјан Бакревски со солистите Тамара Стојковска, Јасна Димитровска и Нико Ѓоргиевски.

Долги аплаузи за музичарите и аплаузи на отворена сцена за солистите од овој оркестар кој ја враќа славата на дувачките оркестри и нивните репертоари ни подари публиката, а камбекот на оркестарот по неколкудецениска пауза пред некоја година и концертите кои зад себе ги има, се само доказ дека и надвор од метрополата е возможно функционирање на вакви формации“-изјави Бакревски по завршувањето на концертот.

Фотографка Кети Талевска Бакревска