“Крај Вардарот сесии” во Аудиокултура со Мирко Попов Квартет и Владан Дробицки

Во петокот во Аудиокултура се реализираше уште еден настан во живо од концептот “Крај Вардарот сесии” на кој настапија Мирко Попов (Mirko Popov) Quartet во придружба на Владан Дробицки.

Овој настан е уште еден од 11тте преку кои се креира материјал со врвни музички и звучни перформанси од кој Аудиокултура, во заедничко партнерство со Божиновски часовници и накит, на крајот на 2023 година ќе издадат винил запис.

Mirko Popov Quartet е соло проект на една од централните фигури на домашната музичка сцена во последниве 30 години. Во оваа прилика, МП Квартет, интроспективно, лирично и мелодично поткрепен со трбомбонот на маестро Владан Дробицки (Сетстат, МОБ), се претстави со сосем неочекуван избор на песни од последниве неколку години, кои ретко, или речиси воопшто не биле на репертоарот на неговите проекти (ПМГ Колектив, Кантон6).

Звучната репродукција и на овој настан беше реализирана преку системите на teoharov audio што дополнително ја облагородува целата атмосфера, квалитетот и уникатноста на содржината која ќе се најде на винил изданието.

Официјален пијалак на настанот е The Singleton, сингл малт виски со перфектно балансиран вкус.

Текст: Бон&Бона