“Ден на пијаното” во КИЦ Битола

Третото издание на „Ден на пијаното“ во организација на Здружението на пијанисти и музички педагози „ПИЈАНО“ од Битола ќе се одржи на 25 март во Културно информативниот центар во Битола.

Во чест на прославата ќе се одржи „Пијано викенд“ со концерт на 50 млади музички таленти од седум музички училишта низ државата.

Дополнително предвидено е и предавање од психологот Нина Тасевска на тема “Улогата на наставникот во надминување на психолошките предизвици при јавен настап”, а премиерен настап ќе има и „Трио Трифоника“.

Почетокот на настанот е закажан за 12 часот.