Прогласени најдобрите настани на првиот БЕАМ Фестивал

На 28.03.2023 година, на свечена церемонија беа прогласени добитниците на првиот БЕАМ Фестивал на најдобри настани. Жири комисијата составена од 20 искусни и докажани професионалци во различни сектори од креативните индустрии, по однапред утврдени критериуми и правила оценуваше 65 пријави во 15 категории.


Ова се победниците по категории:
Најдобар културен / музички настан – Д Фестивал – Пасворд Продукција
Најдобар фестивал / манифестација – Таксират Фестивал – Пасворд Продукција
Најдобар самит, конгрес или конференција – Пин Конференција – Пасворд Продукција
Најдобар експо (саем) – Скопје виски фест – Боттега Евенти
Најдобар корпоративен настан – Сто години Пивара – Меккен Скопје
Најдобар настан за бренд активација – Schweppes Mixology – Меккен Скопје
Најдобар настан за промоција на нов производ – Омега денови – Божиновски часовници и накит
Најдобар НВО настан – Играме заедно – Аутизам ААМК
Најдобар настан на државна / јавна институција – Илинденски денови – Центар за култура Битола
Најдобар спортски настан – Виз Ер Скопски маратон – Сојуз на спортови на Скопје
Најдобра рентал компанија – К енд Д Аудио
Најдобра компанија за видео поддршка на настани – Мунлајт
Најдобра аутсорсинг компанија – О3 Инвест
Најдобро место за одржување на настани – Филхармонија на РСМ

  • Овој фестивал покажува дека настаните се важни за културата, за бизнисот, за
    невладиниот сектор, за државните и јавни институции, за спортот, буквално за секој
    сегмент од општеството. Затоа е важно и да бидат валоризирани. Со БЕАМ правиме
    пресек на годината што изминала и поттикнуваме натпревар со цел подигнување на
    креативноста и квалитетот на настаните. Им честитаме на сите добитници на
    БЕАМ наградата, велат организаторите.
    БЕАМ Фестивалот е во организација на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП, а произлезе
    како потреба за мапирање на индустријата и валоризирање на работата на професионалците.
    Фестивалот им оддава признание на креативните идеи и настани, но и ја потенцира важноста на настаните во општеството. БЕАМ ја слави креативноста, уникатноста, иновативноста и вредната и напорна работа на сите актери во индустријата за организација на настани.
    Од БЕАМ за оваа есен ја најавуваат и првата конференција и саем на ивент индустријата каде
    фокусот ќе биде ставен на едукација, вмрежување и отворање на бизнис можности за сите
    компании.