Објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА / REBIRTH: VOICE OF SILENCE на Илија Павлов

Деновиве е објaвен трејлерот и музиката на македонскиот филм ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА / REBIRTH: VOICE OF SILENCE на Илија Павлов.

Станува збор за прв игран долгометражен филм на Илија Павлов, а музиката е на полскиот композитор Tadeusz Wnuk, познат како HEYHATO.

ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА / REBIRTH: VOICE OF SILENCE  имаше европска премиера на CINEDAYS, Фестивалот на европски филм, а светската премиера беше во рамките на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Проекцијата на првиот долгометражен филм на Павлов можеше да се проследи во Кинотека, Котур и 3Д кино Битола, а како што информира авторот, во моментов се договара и негова интернационална дистрибуција.

Освен во Скопје и во Битола, најавува проекции и во други македонски кина, за да може да биде достапен на поширока публика.

Павлов во моментов работи на својот втор долгометражен филм насловен ЕМИЛ, ВРАТИ СЕ.