Голем концерт на Синтезис за 30 години јубилеј
Групата Синтезис, еден од најзначајните амбасадори на македонската
музика, ќе го одбележи својот 30-годишен јубилеј со спектакуларен концерт во Македонската
Филхармонија на 25 септември 2024 година.
Формирана во 1995 година, Синтезис ја започна својата кариера со уникатна визија – да ја оживее
и презентира македонската традиционална музика на современ начин. Со комбинирање на
старите фолклорни звуци со модерни аранжмани, групата брзо се истакна на македонската
музичка сцена и понатаму на меѓународната. Нивниот прв албум, „ДД Синтезис“, беше објавен во
1996 година и веднаш предизвика позитивни реакции кај публиката и критиката. Групата ја
продолжи својата успешна приказна со албумите „Swinging Macedonia“(2000) и други значајни
изданија кои го истакнаа нивниот автентичен звук.
Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти, Синтезис се докажа како најзначајниот
извозен музички продукт од Македонија. Тие настапувале во некои од најпрестижните концертни
сали и фестивали ширум светот, каде што ја презентирале македонската музичка култура и
традиција. Нивната мисија е да ја зачуваат македонската традиционална музика, но и да ја
облагородат со нови музички форми и елементи кои ја прават релевантна за денешната публика.
Цели три децении, Синтезис со посветеност и страст ја чува и развива македонската музичка
традиција. Овој јубилеен концерт ќе биде кулминација на нивното триесетгодишно патешествие и
ќе претставува незаборавен настан за македонската публика. На јубилејниот концерт, заедно со
своите гости, Синтезис ќе изведе дел од своите најпознати композиции кои го обележуваан
нивниот пат низ годините.
Билетите за концертот се веќе во продажба и може да се купат онлајн на платформата mktickets и
на нивните продажни места, по цена од 1.000 денари.
Генерален спонзор на јубилејниот концерт на Синтезис е Комерцијална Банка АД Скопје.
Концертот е поддржан од Еко Циркон, Дачиа, Монтенегро, Далвина и Министерство за култура.