“Live at Audiokultura” LE HOT CLUB DE SKOPJEсо – Филип Динев, Оливер Јосифовски и Ристо Ивановски/gipsy jazz
Со звукот на Париз од триесеттите и четириесеттите години, вчеравечер започна четвртата сезона од концептот “Live at Audiokultura” преку кој Аудиокултура години наназад промовира квалитетна музичка култура, нудејќи им на љубителите на музиката сосема поинакво доживување на истата.
Филип Динев, Оливер Јосифовски и Ристо Ивановски презентираа музичка совршеност преку маестрална изведба на композиции Django Reinhardt. Неговиот познат џипки-џез звук беше пренесен преку hi-end системите од Teoharov audio, што дополнително ја истакна раскошната ширина оваа музичка форма.
И овој настан од концепт “Live at Audiokultura” го потврди ултимативниот перфекционизам во кој се проткаени внимателно обмислени параметри кои водат кон достоинствен третман на музиката, но и на публиката која непрестајно трага по квалитетна музичка култура.
Следниот “Live at Audiokultura” настан е закажан за 27.09.2024 година
Споделуваме фото-галерија од Благоја Ангеловски која доловува дел од прекрасната атмосфера во која сите уживавме.