“Live at Audiokultura” со IN THE MOOD/blues night
Петокот кој измина Аудиокултура запиша уште еден успешен настан кој посетителите ќе го паметат како извонредно блуз уживање.
Спојот на специфична и раскошно убава изведба на авторска блуз музика од страна на Никола Петровски и Сашо Ѓоргевски, до совршеност се слеа со врвното озвучување и атмосферата во Аудиокултура, поттикнувајќи огромно количество на позитивна енергија и мотив за посветено консумирање на одличната музичка култура.
Следниот настан од двомесечната програма за концептот “Live at Audiokultura” е закажан за 09.10.2024 година.