„Инструментите на моите предци“
„Инструментите на моите предци“-натпревар на класични и народни традиционални македонски инструменти, наменет за деца и млади од 10 до 18 години, кои преку звукот на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан ќе не одведат во различни предели и региони и ќе раскажат приказни кои зборуваат за минатото во сегашноста и ја градат иднината поставувајќи нови темели за збогатување на културното наследство.
Со овие натпревари ДКЦ – Карпош има цел да ја развие желбата и љубовта на децата и младите, за изучување на народни изворни инструменти, а со тоа да се продолжи традицијата од нашите предци и да се остави аманет за идните поколенија.
„Инструментите на моите предци“ кој е поддржан од Град Скопје по шести пат ќе се одржи на 05.10.2024 година во Големата сала на ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ од 09:00 часот.