„Дар за бурата“ – Долорес Редондо
Регионот Навара во Шпанија е најпознат по својот најголем град, Памплона, кој е домаќин на контроверзната трка со бикови секое лето. Овој регион исто така е и домаќин на настаните што се одигруваат во исклучителната трилогија од крими-романи на Долорес Редондо, насловена „Бастанска трилогија“, која само во Шпанија е продадена во милиони примероци. Инспекторката на Редондо, Амаја Саласар (која го добила името по инквизитор што го истражувал вештерството во седумнаесеттиот век), се враќа во малото гратче на Пиринеите за да ги реши мистериозните злосторства.
„Дар за бурата“, третиот и финален дел на оваа трилогија, започнува со убиство на дете, а завршува во долината каде што се раѓаат сите кошмари.
Овој пат инспекторката Амаја Саласар е повикана да ја истражи смртта на едно бебе. На неговото лице наоѓа сомнителен белег што несомнено укажува на убиство. Таткото е фатен како се обидува да избега со телото, дали од вина дали од тага – во тоа никој не може да биде сигурен.
Кога бабата на бебето ќе го обвини за убиствата Ингума – злобниот демон од бастанската митологија што ги убива луѓето в сон – Амаја тргнува по одговори и започнува истрага на други смртни случаи на бебиња во минатото, што ја одведува до неочекувани откритија.
Конечно, се соочува со вистинскиот извор на сите настани што пакостеа по Бастанската Долина.
Ќе се избори ли храбрата инспекторка со демоните од минатото додека снежната бура се заканува да ја затрупа секоја трага на кобната вистина?
Последниот дел од маестралната „Бастанска трилогија“ на Долорес Редондо носи вистинска бура во Европа и стана најпродавана шпанска книжевна серија.