Денес во Кинотека проекција на концертот на “Раде Шербеџија и западни колодвор бенд”
Денес во Кинотека проекција на концертот на “Раде Шербеџија и западни колодвор бенд”
Денес во Кинотека на Р.С.Македонија, на летната сцена „Мирно лето“, во 20:30 часот, со проекција на концертот „Раде Шербеџија & Западни колодвор бенд @ ХНК Загреб“, продолжува циклусот „Концерти во Кинотека со Croatia Records“, кои оваа установа ги реализира во соработка со најголемата дискографска куќа во регионот, „Croatia Records“. Додека животот во времето на т.н. светска „пандемија“ навидум се враќа во некоја „нормала“, а концертната сезона полека заживува, Кинотека и „Croatia Records“на скопјани, и на сите кои ова лето го поминуваат во градот, им нудат нешто проверено, убаво и ексклузивно.
Концертот на Шербеџија, докажан светски актер и музичар, вљубеник во Македонија, претставува врвно аудио-визуелно остварување. На концертот во ХНК, Раде, заедно со бендот „Западни колодвор“ изведе 21 песна, меѓу кои и култната „Не дај се Инес“ на Арсен Дедиќ, потоа „Остала си увијек иста“, „Чекај ме (Сеќавање на Есенин)“, „Барбара“, „Имам пјесму за тебе“, „Не марим да пијем“…, како и „Мени се душо од тебе не растаје“, создадена од перото на Џони Штулиќ. Концертот во ХНК беше одржан на 3-ти ноември 2019-та. Заедно со Шербеџија на сцената на ХНК таа вечер беа и: Антун Сташиќ (виолина, вокал), Ранко Пуриќ – Кампи (бугарија), Марјан Крајна (хармоника), Дарио Хлеб (електричен бас, контрабас), Пере Иштванчиќ (мандолина, тамбурица, вокал), Јура Врандечиќ (контрабас), Бранко Богуновиќ – Пиф (гитаре), Луција Јелушиќ и Ивона Шимуниќ (придружни вокали). Меѓу гостите се појавија: Влатко Стефановски, Дамир Урбан, Мими, Матеј Мештровиќ и Јуре Иванушиќ.
Техничката екипа која работеше на снимката, објавена на ова Blu-Ray издание на „Croatia Records“, кој овој четврток ќе биде прикажано во рамките на циклусот „Концерти во Кинотека…“, ја сочинуваа:
Видео продукција:
– сниматели: Марко Зељковиќ, Иван Андабак, Андреј Буниќ, Филип Башиќ, Данијел Брезак, Дарио Лепоглавец, Доналд Једвај, Санди Новак, Хрвоје Рамаѓа и Мишо Орепиќ.
– режисер: Марко Зељковиќ.
– продуцент на снимањето: Николина Мазалин
Аудио продукција:
– микс, снимање и тон-мајстор: Давор Смоталиќ за SmotkeSoundStudio.
– техничари: Берко Муратовиќ, Давор Винцељ и Лука Смоталиќ.
Менаџмент и букинг:
– Амир Бахтијаревиќ – „Баба продукција“.
– производство: Croatia Records и CMC TV
– Blu-Ray authoring: Марио Календариќ.
– фотографии: Самир Цериќ Ковачевиќ.
– ликовно обликување: „Фабрика“, Сараево.
– уредник на изданието: Клаудија Чулар.
– за „Croatia Records“ – Желимир Бабогредац.