“Само глас” на Скопско лето 2021
“Само глас” на Скопско лето 2021
Вечерва, во рамки на манифестацијата „Скопско лето“ 2021 ќе се одржи комуникациска современа музичка драма насловена „САМО ГЛАС”
автор: Нина Плавањац, Таа – Звездана Ангелова,Тој – снимениот глас на Никола Ристановски,балетан – Мирослав Митрашиновиќ,режисер, композитор, сценограф и дизајнер на светло: Марјан Неќак
Театарската претстава “Само глас” е едно големо огледало во кое искрено се погледнуваме себе си. Интимниот однос и приказната на големата актерска-уметница ни ја птсликуваат другата страна на приказната, онаа која обично не ја гледаме, само навидум ја слушаме, ја премолчуваме или ја негираме.
Претставата е во режија на Марјан Неќак, кој воедно е и автор на музиката, сценограф и дозајнер на светлото.
Во улогите на Таа и Тој играат Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ