Пијан Славел и Винските мушички – совршен почеток на новата сезона од “Live at Audiokultura”
Пијан Славел и Винските мушички – совршен почеток на новата сезона од “Live at Audiokultura”
Со настап во живо на Пијан Славеј и Винските мушичи, официјално започна трета сезона од концептот “Live at Audiokultura”.
Полн погодок.
Бесценета е таа Бранкова моќ за суптилно повлекување на толпата кон впивање на суштината впишана меѓу редовите на видливото.
А од таму извира изобилство од квалитетна музичка структура, врвен звук, акустична соодветност, искусно музицирање, емотивност, софистицираност и длабоко интимистички текстови спакувани во совршено кохерентна уникатност која музиката ја дефинира како начин на живот.
Иако неверојатното чувството на исполнетост повикува кон раскажување, се оттргнуваме од трагање по добра формулација со која успешно или приближно успешно ќе се долови доживеаното. Наспроти тоа, до следното видување, остануваме разгалени од пријатното чувство кое скротува кон молчеливо уживање во привилегијата одблиску да се спознае ширината на врвната музичка култура, презентирана од ваков музички состав.