За Елементал

Елементал е портал кој својот фокус го насочува кон тематики и настани врзани само за културата. Музика, книга, филм, фотографија, театар, слика, врвни достигнувања на докажани уметници, но и ентузијасти кои штотуку застануваат на тој пат се сферите кои ќе ги следиме со полно внимание и максимално аналитички и темелно ќе ги обработуваме.
Културата несомнено е сегмент кој има сериозни влијанија врз општеството и поединците. Квалитетниот културен живот и квалитетна културна информираност се едни од најзначајните работи кои ни ги прошируваат видиците и не бодрат да ја храниме слободоумноста.
Сметаме дека застапеноста на културата во медиумите значи и ставање на истата во свеста на човекот. Затоа наша цел е достоен третман на истата и залагање за нејзина што поголема застапеност во порталот како медиум. Културата е нашиот петти елемент а ЕЛЕМЕНТАЛ, канал преку кој сакаме да избегаме од позиција на неми набљудувачи на лошите состојби и максимум да го искористиме технолошкиот напредок и онлајн ерата кон која забрзано се движиме. Внимателно одбрани содржини и нивно навремено и квалитетно претставување и обработување со личен пристап е начинот на кој избираме да бидеме гласноговорници. Со цврсти чекори ќе одиме по патека која промовира вистински вредности и искрено се надеваме дека ЕЛЕМЕНТАЛ ќе биде препознаен како портал кој успеал да се издвои од топлата на просечното и ќе постави повисоки стандарди во светот на информацијата.