На заминување, срцата на сцената во Македонска опера и балет ги оставаат тројцата
македонски виртуози, триото на Сашо Поповски.
За овој благодат, ќе треба целосно да ги вклучите вашите сетила, да зачекорите заедно
со нив во една мистична атмосфера создадена од чистите хармониски линии.
Загарантирано ќе бидете понесени од ритмичните тонски движења на гитарата на
Поповски.

Мелодиската линија на Поповски е чиста и привлечна, но неизбежно надополнета со
константните ритми на тапаните на Филиповски и контрабасот на Бејков. Уште од првиот
звук ќе тргнете на ориентално патување благодарение на овие мистични ритми.
Иако навидум добивате чувство на етно џез, сепак недвосмислено ќе ги забележите
модерните ноти со кои музиката на ова маестрално трио е проткаена.
Следејќи ја лирската изведба на триото на Сашо Поповски, верните следбеници на
Скопскиот Џез фестивал ќе имаат можност да уживаат во вистинска класика. Настапот на
овие легендарни изведувачки е настан од епски пропорции имајќи ја предвид нивната
историја, дискографија, нивните бројни, бројни награди. Белмондо квинтетот, едно
хармонично здружување кое само по себе е класика, ќе ја долови својата класична нота
преку нивниот класичен џез стил, налик на легендите на џез музиката во имињата на Џон
Колтрејн.
Неповторливите браќа Стефан и Лионел Белмондо, извонредниот пијанист Лорен
Фикелсон, Силвиан Романо на контрабас и Тони Рабесон на тапани ја сочинуваат
музичката петорка која ќе ве поведе на ова класично, џез патување.