М – Мајкл Мармароса (Додо) (12 Декември 1925 – 17 Септември 2002)Американски џез пијанист кој уште во своите тинејџерски години свирел во врвни свинг-бендови (Џин Крупа, Чарли Барнет и Арти Шо) за потоа да стане еден од првите пијанисти што ги совладал комплексностите на бибопот; свирел модерни хармонични и течни мелодии во класичните записи од Лестер Јанг и Чарли Паркер; технички надарен, лирски солист со лесен, јасен допир, тој стекна национална слава во 40-тите години на минатиот век, но свирел првенствено во областа Питсбург по 1954 година и ги направил своите последни записи во 1961–62.
Н – Нет Кинг Кол (17 Март 1919 – 15 Февруари, 1965) Американски музичар прогласен за најдобрите и највлијателните пијанисти и бенд лидери во времето на свингот. Сепак, најголемиот комерцијален успех го постигнал како вокалист на топли балади и лесен свинг.
Кол пораснал во Чикаго, каде на 12 години пеел и свиел оргули во црквата во која неговиот татко бил пастор. Ја формирал џез групата Royal Dukes пет години подоцна. Во 1937, по турнејата со Black musical revue, почнал да свири во џез клубови во Лос Анџелес. Таму го формирал и King Cole Trio (оригинално King Cole and His Swingsters), со гитаристот Оскар Мур и басистот Весли Принс.
Во триесетите и четириесетите години на претходниот век триото имало неколку инструментални снимки, но најголемиот успех го постигнале кога Кол почнал да пее. Нивниот прв успех на плеј листите бил со “Straighten Up and Fly Right” (1943, по што следувале “Sweet Lorraine,” “It’s Only a Paper Moon,” “(I Love You) For Sentimental Reasons,” и “Route 66.” Сворењето на пиано станало второстепено, пред пеењето, кое било со топли тонови и со совршено фразирање. Критиката го сместила во друштво со најдобрите џез вокали, но недостигало свирењето на пиано. Eventually, Cole’s piano playing took a backseat to his singing career. Прв пат снимал со целосен оркестар во 1946 година на синглот “The Christmas Song”, празничен стандард и една од најпродаваните снимки. Од 1950 година, работел исклучиво како пеач, а соработувал со аранжери како Нелсон Ридл и Били Меј.
Љубителите на музиката ги знаат неговите хитови “Nature Boy,” “Mona Lisa,” “Too Young,” “A Blossom Fell,” и “Unforgettable”. Од време на време се навраќал на своите џез корени, од што произлегол албумот After Midnight (1956), каде Кол докажал дека неговите вештини на пианото не се намалени.
Неговата популарност му овозможила да стане првиот АфроАмериканец кој бил домаќин на шоу кое ќе го носи неговото име The Nat King Cole Show, кое дебатирало на NBC телевизијата во 1956. По една сезона прикажување шоуто било откажано, но Кол имал поголем успех со концертните изведби во доцните 50-ти и 60-ти години на минатиот век со The Merry World of Nat King Cole (1961) и Sights and Sounds (1963).
Покрај пеењето и свирењето на пиано, Кол бил и талентиран и за глума, а често се претставувал и како релаксирана и хумористична јавна личност Се појавувал во филмовите Istanbul (1957), China Gate (1957), Night of the Quarter Moon (1959), и Cat Ballou (1965); се играл и самиот себе во The Nat “King” Cole Musical Story (1955) а го портретирал и W.C. Handy во St. Louis Blues (1958). Неговата ќерка Натали била исто така популарна пејачка, која го постигнала најголемиот успех на листите со песната “Unforgettable,” во 1991 година во електронски создаден дуе со нејзиниот татко.
Њ – Њуман Дејвид(„Фетхед“), (24 Февруари 1933 – 20 Јануари 2009) џез и поп музичар, кој ја венча хармоничната и ритмичка софистицираност на боп мелодијата со блузот. Како тенор- солист на саксофон (1954–64 и 1970–71) се појавува во малите и големите бендови на Реј Чарлс, а свири и со саксофонистот Хенк Крафорд. Њуман предводел џез групи; многу често свирел соло и на албумите и сингловите и на други џез, ритам-и-блуз и поп везди; соработувал со џез уметници, вклучувајќи ги Крафорд, Херби Ман и Ред Гарланд. Њуман исто така бил познат и по разноврсното алто и баритон саксофонист и флејтист. По 1980 година, останал препознатлив по својата лирика во рамките на широк боп и џез-стандарден репертоар.
автор: МАНА