„Ајде да патуваме“ – волшебна сликовница за деца
Новата сликовница за деца со прекрасните илустрации на Линде Фас ќе ја разбуди детската имагинација.
Едно девојче влегува во собата на едно момченце и носи со себе балон, хартија и боички. Седнува на неговиот кревет и му предложува да патуваат заедно преку нивните цртежи. Фантазијата ги води на пат меѓу тропски птици и зимски пејзажи со пингвини, меѓу шарени подводни светови и зелени густи џунгли…
Сè додека не дојде време да се вратат во стварноста.
Иако без зборови, оваа книга ќе инспирира илјадници приказни: за реалноста и фантазијата, за авантурите и пријателството, за магијата на цртањето – можностите се неограничени..
Виртуозните илустрации на Линде Фас ќе ги изненадат и ќе ги воодушеват читателите на секоја возраст.
Учествувајте и вие во оваа волшебна авантура и креирајте ја вашата приказна!
извор: АНТОЛОГ