Перформансот “Јовано, Јованке” вечерва со втора изведба во МКЦ
Вечерва, со почеток од 21 часот во МКЦ (сала 25 Мај) ќе се одржи втората изведба на „Јовано, Јованке“ – авторски танцов перформанс на Јована Зајкова
„Ова е претстава за Јована – креативен, нефиктивен лик и мешавина од нејзините размисли и идеи. Наместо да ги пласира на социјалните мрежи користејќи ги најновите и најмодерни филтри и ефекти, Јована реши да ги претстави на сцената. Па сите вие на кои ви се потроши батеријата на телефонот, ве заболе прстот од скролање или пак едноставно сакате во живо да ѕирнете во нечија туѓа интимност, ова е настан што не би сакале да го пропуштите“, повикува авторката и изведувачка на перформансот – Јована Зајкова.
Во реализацијата на перформансот се вклучени:
Авторка и изведувачка: Јована Зајкова
Соработник во развојот на перформансот и кореографијата: Бобан Русески
Музика: Terrafolk
Глас: Ангела Стојановска
Поддршка низ креативниот процес: Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка и Билјана Радионска, режисерка
Извршна продуцентка: Емилија Чочкова
Костим: Раде Василев
Дизајн на промо материјал: Матеја Николиќ
Фотографијa на промо материјал: Драгица Николовска
Перформансот Јовано, Јованке е развиван како авторски проект на Јована Зајкова во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.
Трансформацијата на изведувачката програма на Фестивалот во платформа за изведувачки уметности, произлезе од определбата за развивање феминистички изведувачки форми низ практикување солидарност, поддршка, заедничко учење и соработка, но и пропрашување на динамиките и отфрлање на хиерархиите втемелени во конвенционалниот театар.
Активностите на платформата се поврзани со програмата на проектот „Жени за жени“ #wowprogram и проектот Пич Прич кои ги реализира Тиииит! Инк. и кои имаат за цел да придонесат кон унапредување на јавниот интерес за родовите прашања и поголемо присуство на жените во јавната сфера.
Платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ е финансиски поддржана од The Kvinna till Kvinna Foundation и FRIDA | The Young Feminist Fund и се реализира во соработка со MOT theatre festival.
Проектот „Жени за жени“ (WoW – Women on women), поддржан од Програмата Креативна Европа на Европска Комисија, Tiiiit! Inc. го спроведува во партнерство со Mesto žensk од Љубљана, VoxFeminae од Загреб и Outlandish Theatre Platform од Даблин.