Рецитал на Горјана Стојановска во Офицерски дом во Битола
Вечерва, Шуман и Чајковски ќе прозвучат со својата музичка раскошност во Офицерски дом во Битола, од 19 часот, на рециталот на пијанистката Горјана Стојановска.
![](https://elemental.mk/wp-content/uploads/2022/10/thumbnail-1024x609.jpg)
По нејзините концерти низ Македонија во оваа 2022 година, со срце исполнето со убав трепет на емотивна трема, таа ќе настапи во својот град, родната Битола, пред својата публика.
Горјана Стојановска е родена во Битола.
На осумгодишна возраст го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште – Битола, каде што и матурира во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Првите две години од високото образование на Факултетот за музичка уметност во Скопје ги поминува во класата на проф. Борис Романов, а вторите две во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска кај која и дипломира во 2017г, а во 2019г магистрира.
Во 2018г се запишува на усовршување на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија во класата на проф. м-р Рубен Далибалтајан.
Академијата успешно ја завршува во 2020 година. Учествува на мастеркласи кај истакнати педагози меѓу кои: Борис Романов, Јуриј Кот, Андреј Диев, Рубен Далибалтајан, Јулија Губајдулина …. и многу други.
Горјана Стојановска е родена во Битола.
На осумгодишна возраст го започнува своето музичко образование во Државното музичко училиште – Битола, каде што и матурира во класата на проф. д-р Татјана Божиновска. Првите две години од високото образование на Факултетот за музичка уметност во Скопје ги поминува во класата на проф. Борис Романов, а вторите две во класата на проф. д-р Марија Ѓошевска кај која и дипломира во 2017г, а во 2019г магистрира.
Во 2018г се запишува на усовршуавње на Academia Talent Music Master во Бреша, Италија во класата на проф. м-р Рубен Далибалтајан.
Академијата успешно ја завршува во 2020 година. Учествува на мастеркласи кај истакнати педагози меѓу кои: Борис Романов, Јуриј Кот, Андреј Диев, Рубен Далибалтајан, Јулија Губајдулина …. и многу други.
![](https://elemental.mk/wp-content/uploads/2022/10/thumbnail-1.jpg)
![](https://elemental.mk/wp-content/uploads/2022/10/thumbnail-2.jpg)
![](https://elemental.mk/wp-content/uploads/2022/10/thumbnail-3.jpg)
Горјана има освојувано бројни награди на државни и меѓународни натпревари. Во својата кариера како пијанистка има реализирано бројни солистички рецитали, а во 2011 и 2014 г настапува како солист со Македонската филхармонија. Бележи настапи на повеќе фестивали како Есенски музички свечености – Скопје, Подиум на млади ( како вонредна програма на фестивалот “Охридско лето”) – Охрид, Бит-Фест – Битола.
Од 2021г работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.