Млад стрип автор во реномирано стрип издание

Младиот кумановчанец Методија Стојановски  ја има таа чест да биде вклучен  во хрватското стрип издание OHOHOzin  бр 6 .Тоа е алтернативно стрип списание кое собира различни автори од поширокиот регион   а застапениот стрип има назив „ КУТИЈАТА НА ГРЕВОТ“

Според информациите добиени од страна на Томе Трајков , програм координатор на Стрип центар на Македонија –Велес неговиот избор е извршен врз основа на традиционален едногодишен јавен повик кој оваа година беше на тема Хорор Манга . Традиционално , Македонскиот стрип центар од Велес практикува организирано учество на стрип фестивали и конкурси во странство и на овој повик се пријавија повеке припадници на македонската стрип иднина.

Томе Трајков потсетува дека младиот Методија Стојановски е добитник на наградата за најдобар македонски автор на традиционалниот стрип салон „ Велес 2023“ за делото  МАГИЧЕН СВЕТ  

Што се однесува до изданието OHOHO zin . тој e создаден е во 2019 година како авторски проект од тројца стрип автори: Лиа Краљ Јагер, Матија Писачиќ и Марко Ѓешка. Досега 60 уметници од Хрватска, Србија, Босна, Македонија, Словенија и Германија имаат објавено свои дела во пет изданија на OHOHOzine. Меѓу нив се истакнати автори како Дарко Мацан, Крешимир Зимониќ, Штефо Бартолиќ од Хрватска и Александар Зограф и Јане Адамовиќ (Србија), Мидхат Капетановиќ (БиХ) и Изток Ситар (Словенија). OHOHOzine излегува во двојазично издание (хрватски и англиски) и досега изданијата се претежно распродадени.

 Во 2022 и 2023 година, OHOHOzin беше номиниран за наградата за најдобро алтернативно списание на најпрестижниот стрип фестивал во Европа, во Ангулем, Франција. Истата година, OHOHOzin ја доби наградата за најдобро списание на меѓународниот фестивал за анимирани филмови и стрипови Supertoon во Шибеник.Промоцијата на овогодинешното издание ќе биде токму на овој фестивал , којшто ќе се одржи од 21 до 25 јули..,завршува Трајков.