Одложен концертот на Електрични оргазам во Белград
Најдолговечниот белградски бенд „Електрични оргазам“ уште еднаш ја одложува својата концертна прослава која беше планирана за 29 Октомври по повод нивното 4 децениско постоење.
Бендот кој е формиран на 13-ти јануари 1980 година, одложувајќи ја јубилејната турнеја потсетува дека енергијата која беше мотив за формирање на бендот, нималку не се намалила. Имено, групата се формира во кафеана Морнар после концертот на неповторливите Леб и Сол за кој Гиле (фронтменот на групата) ќе рече: концертот беше одличен, но едноставно не беше доволен за нас, кои слушавме што слушавме, со отечена тинејџерска енергија. Сакавме нешто друго и по концертот отидовме во таверната „Морнар“, истата вечер се создаде Електричен оргазам“. За два месеци сите во Југославија знаеја за бендот.
Духот на заедништвото кој Електични оргазам го негува цели 40 години бара сплотување што комплетно се коси со ограничувањата кои ги наметнуваат протоколите за заштита од пандемијата со ковид 19. Нескротливата позитивна енергија едноставно е невозможно да се доживее комплетно на концерт чие одржување е условено со одржување на дистанца.
Од тие причини, концертот се поместува за 24-ти Април 2021 година во Белградската арена, онаму каде се започна. На исто место и со иста енергија, култниот состав повикува на патување за паметење … онакво како што само тие знаат да приредат