Балетската претстава „ЛА, ЛА, ЛА…!” на сцената на НОБ
Балетската претстава „ЛА, ЛА, ЛА…!” на сцената на НОБ
На сцената на Националната опера и балет на 22 септември со почеток во 20.00 часот ќе се одигра балетската претстава „ЛА, ЛА, ЛА…!“ во кореографија на Саша Евтимова; Музика: Македонски евергрини; Идеја за костими: Саша Евтимова; Светло мајстор: Милчо Александров
Настапуваат:
Женски ансамбл: Ангела Велевска, Мила Ниновска, Христина Наќевска,Симона Митовска, Ангела Богатинова, Бојана Христовска, Ивана Димкоска, Меланија Гоцевска, Мартина Димовска
Машки ансамбл: Игор Веланоски, Ендру Кук, Мирослав Митрашиновиќ, Агим Бафтии, Мартин Саздовски, Кристијан Јангос, Јан Кисилев, Никола Орсо
Модерен балет за оние што сонуваат за среќа и едни времиња во кои живеевме, луѓето со кои сме ги споделувале тие мигови – ништо не може да го оживее тоа време, тоа сеќавање, тој живот освен една стара музичка миксана лента. Секоја миксана лента раскажува една приказна од различно време. Музиката е таа која не води на незаборавни патувања.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.
Влезот е дозволен само со потврда за извршена вакцинација против КОВИД-19 или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Задолжително е носење на заштитна маска.
Билетите се пуштени во строго ограничен број!