Перформансот “Срам” на Ангела Стојановска вечерва во МКЦ
Перформансот “Срам” на Ангела Стојановска вечерва во МКЦ
Вечерва, со почеток од 21 часот во МКЦ (сала Фросина) ќе се изведе перформансот „СРАМ“ на Ангела Стојановска.

„Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.“
Авторка и изведувачка: Ангела Стојановска
Креативни соработници: Милош Б. Андоновски, режисер и Ева Камчевска, драматург
Поддршка низ креативниот процес: Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка и Билјана Радиноска, режисерка
Извршна продуцентка: Емилија Чочкова
Костим: Раде Василев
Сценографија: Мартин Манев
Дизајн на промо материјал: Матеја Николиќ
Фотографијa на промо материјал: АниДими
Bodypaint: Бојан Ковски
Времетраење: 60 мин
Перформансот СРАМ е развиван како авторски проект на Ангела Стојановска во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.
Трансформацијата на изведувачката програма на Фестивалот во платформа за изведувачки уметности, произлезе од определбата за развивање феминистички изведувачки форми низ практикување солидарност, поддршка, заедничко учење и соработка, но и пропрашување на динамиките и отфрлање на хиерархиите втемелени во конвенционалниот театар.
Активностите на платформата се поврзани со програмата на проектот „Жени за жени“ #wowprogram и проектот Пич Прич кои ги реализира Тиииит! Инк. и кои имаат за цел да придонесат кон унапредување на јавниот интерес за родовите прашања и поголемо присуство на жените во јавната сфера.
Платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ е финансиски поддржана од The Kvinna till Kvinna Foundation и FRIDA | The Young Feminist Fund и се реализира во соработка со MOT theatre festival. Проектот „Жени за жени“ (WoW – Women on women), поддржан од Програмата Креативна Европа на Европска Комисија, Tiiiit! Inc. го спроведува во партнерство со Mesto žensk од Љубљана, VoxFeminae од Загреб и Outlandish Theatre Platform од Даб