Концерт на „Seine“ во МКЦ
Концерт на „Seine“ во МКЦ
Seine е десетгодишен кантавторски проект на Иван Шчапец. По распаѓањето на неговиот матичен бенд, му се приклучуваат Димитриј Петровиќ (Власта Попиќ, Радост!) и Бошко Мијушковиќ (Straight Mickey&the Boyz, Туристи, Шкртице…). Истата година бендот победува на најголемиот натпреварувачки фестивал на демо-бендови на Балканот – ДЕМО ФЕСТ, кој се оддржува во Бања Лука (БиХ), заминуваат на турнеја и го снимаат својот дебитантски албум.
На почетокот на 2017 година бас-гитарата ја презема Иван Гробенски (Moskau, Bubblegum…), a кратко потоа изелезе и првиот албум наречен ‘Sno Sna’ за култната словенечка етикета Moonlee Records, во соработка со францускиот лејбл VOX Project. По напуштањето на бендот од страна на Гробенски, бендот продолжува како дуо и го издаваат првиот сингл ‘Nebo’, кој го следи и stop-motion видеоспот во режија на Марина Узелац. Нивниот втор албум ‘22’ излезе во 2019 и наиде на одлични критики од публиката и музичката критика во регионот. На почетокот на 2020 бендот беше номиниран за наградата IMPALA за најдобар европски независен албум. И покрај апокалипсата и сите откажани настапи и турнеи, бендот ги поминува деновите во студио работејќи на својот трет албум, најавен за есен 2021.
Пред некое време SEINE е повторно трио, на бендот му се приклучува Ватрослав Живковиќ (Nemeček, litl itali) на бас и електроника.
* Влезот е слободен. Концертот ќе се реализира согласно актуелните протоколи за организирање на настани во отворен простор.
www.mkc.mk
www.instagram.com/mkc_skopje
www.twitter.com/MKC_skopje
www.facebook.com/mkc.mkd