В – Вотерс Етел (31 Октомври 1896/1900 – 1 Септември 1977) Американска блуз и џез пејачка и драмска актерка, чиешто препознатливо пеење, базирано на традицијата на блузот се одликува со полн глас, широк опсег и бавно вибрато. Вотерс пораснала во екстремна сиромаштија и за прв пат се омажила на 12-годишна возраст, додека сè уште одела во манастирско училиште.

На 17 години, претставувајќи се како „Sweet Mama Stringbean“, Вотерс пеела професионално во Балтимор, Мериленд. Токму таму станала првата жена што го отпеала класикот “St. Louis Blues”на сцената. По преселувањето во Њујорк нејзиниот професионален подем бил брз, а веже во 1925 година се појавила во Клубот за плантажи во Харлем, настап кој ја вивнал директно на сцената на Бродвеј.

Во 1927 година, Вотерс се појавила во Африкана, а во 1930 година таа повторно застанала на сцената на Бродвеј во Blackbirds, оживување на популарниот мјузикл од 1924 година, а следната година глумеше во Рапсодија во црно. Во 1933 година, Вотерс се појавила со Мерилин Милер во мјузиклот на Ирвинг Берлин, „As Thousands Cheer “. Изведба на „Heat Wave“ трајно се поврза со  Ватерс, која важи за една од најголемите блуз-пејачка со голем број на настапи и соработки со џез-великани како Дјук Елингтон и Бени Гудман. Неколку композитори напишале песни специјално за неа, а таа особено се поистоветува со „Дина“ и „Бурно време“.

Филмовите во кои настапувала  Вотерс се Каиро (1942) ,Пинки (1949) за кој имала номинација за Оскар; и „The Sound and the Fury “ (1959). Нејзината автобиографија  His Eye Is on the Sparrow (1951) станала бестселер.

Г – Гудман Бени или Бенџамин Дејвид Гудман (30 Мај 1909 – 13 Јуни 1986) Американски џез музичар и виртуоз на кларинет. “Кралот на свингот” бил  комплексна личност, чиешто неуморно барање на музичкото совршенство се огледува и во неговиот пристап кон музиката.   

Д – Дјук Елингтон (29 Април 1899 – 24 Мај 1974) Американски пијанист кој бил најголемиот џез композитор и фронтмен во неговото време. Еден од творците на биг-бенд џезот,  го предводел својот бенд повеќе од половина век, компонирал илјадници композиции и го создал препознатливиот ансамбловски звук во џезот и западната музика, воопшто.

автор: МАНА