Ј – Јанг Лестер (27 Август 1909 – 15 Март 1959) Американски тенор саксофонист кој се појавил на џез сцената во Казас Сити во 1930. Со импровизациите обезбедил основа за соло интерпретацијата во модерниот џез. Неговиот лесен тон, во кој преовладувалo бавно вибрато, со ритмичко чувство и порелаксирано темпо и логични и освежувачки мелодии бил во контраст со дотогаш прифатениот темен и тежок стил.
Неговиот стил бил омилен меѓу модерните џез фигури како Чарли Паркер, Стен Ѓец и Џон Колтрејн. Голем дел од „кул“ стилот на Западниот брег бил директен производ на пристапот на Лестер Јанг, многу саксофонисти свиреле по негов пример. Тој бил толку важен што пејачката Били Холидеј го нарекла претседател на тенорските саксофонисти, а потоа бил познат и како Прес (или През). Неговите најпознати настапи вклучуваат Taxi War Dance,” “D.B. Blues,” и “Lester Leaps In.”
К – Крал Дајана (16 Ноември 1964 -) Канадска џез музичарка која постигна планетарен успех со нејзиниот лесен, неизнуден алт и свирење на пијано на албумот All for You, посветен на Нет Кинг Кол, со кој се задржа на листата на бестселери повеќе од една година.
Подоцнежните албуми вклучуваат The Look of Love (2001) и концертната снимка Live in Paris (2002). Има добиено Греми за најдобар џез вокален албум за The Girl in the Other Room (2004) на кој за прв пат објавува некои свои композиции, како и песни напишани од Британскиот кантавтор Елвис Костело за кого се омажила во 2003 година. Повремено се појавувала на филм или телевизија и впечатливо ја има изведено песната на Кол Портер “Just One of Those Things” во филмот De-Lovely (2004) посветен на животот на Портер.
Л – Ли Пеги (26 Мај, 1920 – 21 Јануари 2002) пејачка и текстописец, позната по примамливиот, нежно хаскиран глас и резервираниот стил. За време на тинејџерските години професионалн пеела на радио станицата Фарго, каде го добила препознатливото естрадно име. Големиот пробив на музичката сцена се случил откако Бени Гудман ја слушнал како пее во Чикаго и ја ангажирал како вокалист за неговиот бенд. Нејзиниот стил на пеење може да се слушне на снмките како “I Got It Bad (And That Ain’t Good)” и “Winter Weather”, а со “Why Don’t You Do Right?” (1943) Ли го имала првиот голем хит.
Во долгогодишната музичка кариера соработувала со Мел Торме, Вуди Херман, Дјук Елингтон, Нелсон Ридл, Бени Картер, Дејв Барбор (со кој била во брак). Значаен успех на топ листите постигнале “It’s a Good Day,” “I Don’t Know Enough About You,” “Everything Is Movin’ Too Fast,”“Mañana,” “Lover”. До денес е препознатлива по изведбата на “Fever” во мамбо аранжман на Гордон Џенкинс, каде нејзината заводлива вокална интерпретација е со единствена музичка подршка од тапани, бас и пуцкетање со прсти. Таа работела на музички теми за неколку филмови, а со Сони Бурк соработувале на целосниот саундтрак за аминираниот филм од продукцијата на Волт Дизни Lady and the Tramp (1955), каде Ли го позајмила гласот и на неколку цртани ликови.
Нејзината кариера бележи и актерски ангажмани, за нејзината драматична изведба во The Jazz Singer (1952) добила и номинација за Оскар за најдобра споредна женска улога. Богатата повеќедецениска кариера ја завршила со својот последен албум Moments Like This, снимен во 1992.
автор: МАНА