Нашиот интерес сè уште останува вперен на музичката сцена од 70-ттите години на минатиот век. „Хаустор“ е составот кој во совршена форма пакува микс од мистика, тетралност, психоделични текстови и етно искуства.
Корените на групата датираат од составот на „Комуната“, формиран за неформални концерти во 1977 година од Дарко Рундек и Срѓан Сахер.
„Хаустор“ е создаден две години подоцна, а го сочинуваа пејачот и соло гитарист Рундек, ритам гитаристот Озрен Штиглиќ, басистот Срѓан Сахар.
На самиот почеток на кариерата, додека вежбаа во собата „Кугла глумишта“, која ја делea со бендот „Азра“, на тапаните им помагаше тапанарот Борис Лејнер, а потоа им се придружи и нивниот прв постојан тапанар, Зоран Перишиќ. Набрзо составот го комплетираа дувачките инструменти, саксофонистот Дамир Прица, клавијатуристот Зоран Вулетиќ и тромбонистот Никола Сантро.
Авторскиот спој на Рундек кој ги донесе своите театарски искуства во новата група и Сехер со своите етномузиколошки интереси, донесоа сосема специфичен амалгам на тогашната сцена. Рундек презентира широки интереси обојувајќи ги настапите со театралност, пантомима и асоцијативна шминка, додека пак Сехер својот музички склоб го заснова на искуствата од странската и домашната етно сцена. Широкото поле кое го нуди тогашниот нов бран е можност која ја максимално ја користат за реализирање на воите раскошни идеи.
Во 1981 година за радио Загреб снимаат две песни од кои „Моја прва љубав“ (во продукција на Хус, водачот на Парни Вањак) станува голем хит кој свири на сите радиопрограми и со која повеќето луѓе го идентификуваат бендот.
Веќе пролетта во групата сe запишува нов тапанар, Срѓан Гулиќ, со кој го снимаат и својот прв албум „Хаустор“. На албумот се забележани разновидни, по малку мистични песни: Радио, Мјењам се, Лице, Духови и Црн Жбир. Оригиналната концепција го подели албумот на првата, претежно Сахерска страна и втората, претежно на Рундек. Албумот е издаден во продукција на Хусеин Хасанефендиќ Хус кој на неколку од песните свири гитара.
Со деби албумот, богатите свежи идеи, ефектните концерти и свеж звук кој беше различен од оној што го нудеше останатата тогашна рок сцена во Загреб, Хрватска и Југославија, „Хаустор“ многу брзо се наметнува како еден од четирите најдобри загрепски бендови од тој период.
На крајот на годината, Хаустор, овој пат во продукција на Станко Јузбашиќ, го сними синглот „Мајмуните и Месечината / Зима / Капри“. Записот помина незаслужено незабележано, бидејќи не беше проследен со албум, туку со привремен прекин на активностите на бендот поради заминувањето на неговите членови на воена служба со што се прекинува и подготовката за вториот албум.
Работата ја продолжуваат Рундек, Сахер, Прича, Гулиќ и новодојдениот тапанар Зоран Зајец во 1983 година. Овојпат во продукција на Жељко Бродариќ, Хаустор го снимаат својот клучен албум „Тречи Свјет“.
Албумот прецизно го развива нивното истражување на поинаквиот звук кој тргнува од реге музиката, преку латиноамеричкиот фолклор па се до фино употребената поп структура.
Сите песни се заеднички потпишани од Дарко Рундек и Срѓан Сахер. Анализата на подоцнежните кариери на двајцата открива дека тие делеле должности – стереотипно, Рундек го пишува текстот, а Сахер музиката. Затоа „Хаустор“ се претвори поетски во она што некои духовити критичари го нарекоа Корто-малтешки-рок, од која рутина Рундек нема да излезе толку брзо. Музички, „Тречи свјет“ е првиот домашен, оригинален реге албум кој конечно ја содржи и прилично несоодветната „Работничка класа одлази у рај“. Се чини дека политичкото време веќе е созреано за неа земајќи го предвид фактот дека од страна на Југотон не беше одобрено нејзино ставање на првиот албум.
Следниот албум на Хаустор, „Болеро“, снимен во 1985 година, е потпишан само од Рундек, Зајец и Прица како членови на групата, според што се чини дека групата се наоѓа во посериозна криза со заминувањето на Сахер. Сепак, меѓу гостите се споменуваат и Гулиќ, Сантро, Јуриј Новоселиќ, Мишев, Франгеш, Шербеџија, како и трубачот Игор Павлица, кој долго ќе соработува со Рундек. „Болеро“ е албумот кој ги носи новите големи хитови „Ена“, „Шејн“, „Ја желим“, „Ја желим“, „ТВ мен“, како и „Take the money and run“.
1988 година веќе го издаваат и својот четврт албум „Тајни град“ одржувајќи ги стандардите кои сами ги поставија. Повротно комплетниот материјал е компониран од страна на Рундек а продукцијата е сработена од Рундек, Зајец и Хегедушич. Преку песните „Ула улала“, „Би мого да могу“, „Узалуд питаш и „Уходе“, остваруваат уште подобра комуникација со публиката.
Хаустор во 1990 година сними неколку песни за следниот нов албум, но групата едноставно се распушта. Самиот Рундек оди да живее со своето семејство во Париз. Повремено настапува како басист на фри-рок-групата Кул-де-сак.
„Хаустор“ се собра уште двапати да настапи во Спортската сала во Загреб, простор што не можеа ни да сонуваат да го пополнат на врвот на кариерата. Првиот пат во 1995 година, по повод десетгодишнината од нивното постоење, кога дадоа целосен преглед на нивната кариера. На сцената, составот на групата се менуваше хронолошки, секој изведувајќи свој дел од материјалот на групата. Вториот пат беше во 1996 година, кога на исто место настапуваат Рундек, Зоран Зајец, Срѓан Сахер, Дамир Прица, Никола Сантро и Игор Павлица. За жал, Озрен Штиглиќ настапува само како гостин, а останатите гости се Роберт Ловриќ, Борис Лејнер, Макс Вилсон и братот на Новоселиќ Сергеј Новоселиќ на виолина.
Паралелно со концертите по Хрватска издаден е албумот „Уље је на води“ на кој е снимката од настапот на Хаустор во клубот Кулушиќ на 6 јануари 1982 година. Покрај стандардниот материјал, на дискот се ставени и 6 необјавени песни.
Првиот албум на Хаустор е реиздаден на ЦД формат, со додавање на песни од сите синглови на групата, а компилација од целата кариера на групата беше издадена на ЦД 1995 година.