Во животната книга на Don Schlitten има две љубовни страни посветени на: bebop – џез стилот и на неговата сопруга Нина.
Кон средината на 50-те години на 20-от век, на свои 23 години, започнува да ги продуцира џез музичарите како Duke Jordan, Gigi Gryce и Red Rodney. Низ соработката со други важни продуценти од тоа време промени низа студија на помали и поголеми издавачи, од малиот „Signal Records“ до важниот „Prestige Records“. Во целиот процес на студиска работа стекнува познанства и пријателства со многу млади музичари но и со џез ѕвезди во подем. Џезот е главен музички израз во тие години, студијата се преполни а главните издавачи не се во можност да ја снимаат и издадат сета таа музичка енергија.
Стекнувајќи големо 20-ет годишно искуство и пратејќи ги сите трансформации на џезот од тој период Don Schlitten заедно со сопругата во 1975 година ја основа „Xanadu Records“. Новата етикета името го добива по раскошниот имот од филмот ‘’Citizen Kane“ на Orson Welles. Низ студиото поминуваат бројни музичари како Al Cohn, Jimmy, Albert & Percy Heath, Sam Most, Curtis Fuller, Kenny Barron и многу други, оставајќи зад себе стотина снимки кои со својот изведувачки и звучен квалитет се вистински бисери. Со почетокот на 80-те години на 20 век, Don Schlitten го губи својот енузијазам и се повлекува во неактивност пред налетот на дигиталните технологии.
Во 2019 година сопствениците на „Elemental Music“ успеваат да ги добијат правата за, засега, 25 врвни албуми и да ги рездадат на компакт дискови. Голем дел од оригиналните снимки се целосно или делумно уништени есента 2012 во поплавите донесени од ураганот Sandy. Со голема посветеност голем број значајни албуми, понекогаш и директно реставрирани од некористени винилни изданија од времето, сега колекцијата е делумно достапна за купување. Се работи за албуми во мал тираж а прашање кога и дали воопшто повторно ќе се реиздадат.
„33-45 Мusic“ ја обезбеди дистрибуцијата на изданијата кај нас, а магијата на „Xanadu“ звукот можете да ја чуете и купите во престижниот салон на „Аудиокултура“ и „ЧувдеЧув“.