„Skopje Frames“ е меѓународен фестивал на краток филм што денеска и утре по првпат ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во кино Фросина.
Како што соопштија организаторите, фестивалот се стреми да инспирира, унапреди и овозможи поддршка за креирање кратки филмови, особено во време кога пандемијата КОВИД-19 има значително влијание врз филмската индустрија. Целта е споделување и зајакнување на заедничката желба и аспирации за уживање во кратки филмови
Програмата е составена од 12 кратки филмoви, кои ќе се прикажуваат денеска и утре во 18, 20 и 22 часот.
Ќе бидат прикажани филмовите „Construct 42“ во режија на Никола Ангеловски, „Freight“ од Сава Живковиќ, „Winner“ од Семјуел Чован, „Apelul – The Call“ – Сефун Захариа, „Downfall“ – Бредли Коксер, „You know what I have nightmares about“ – Аглаја Филиповиќ, „Black and Faulty“ – Марко Џамбазоски, “Little One“ – Ана Андонова, „Mr. World“ – Јосип Трајкоски, „Aladdin’s Kitchen“ – Стефан Красиќ, „Deaflands“ – Бруно Велјановски и „Babush“ – Владислав Гавриловски
Билетите се достапи само преку „bileti.mkc.mk“, а настаните ќе бидат реализирани по соодветен протокол, почитувајќи ги мерките за заштита.бт/са/
извор: МИА