На Сардинија изложба на фотографии на Lisetta Carmi
Во музејот MAN Museo d’Arte Provincia di Nuoro на Сардинија изложба на фотографии на Lisetta Carmi (Џенова, 1924), едно од најважните имиња на италијанската фотографија по Втората светска војна.
Изложбата „Весели гласови во мракот“ посветена на делото на познатата фотографка ја истражува нејзината работа и претставува фотографии, обединувајќи стотици црно-бели снимки направени при нејзините бројни посети на островот од 1962 до 1976 година.
Lisetta Carmi била аутсајдер во буржоаска Италија во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, која го вознемирувала општеството. Таа го критикува тогашното општество токму со реалистичен пристап кон светот и луѓето на маргините.
извор: Порта 3
Ollolai, centro di lavoro artigiano dei cesti, 1964. (ph. Lisetta Carmi) Orgosolo, 1964. (ph. Lisetta Carmi-Martini & Ronchetti)
Orgosolo, 1964. (ph. Lisetta Carmi-Martini & Ronchetti) Genova-Porto, 1964. (ph. Lisetta Carmi-Martini & Ronchetti)
Orgosolo, 1964. (ph. Lisetta Carmi-Martini & Ronchetti) Orosei, Santuario della Madonna del Rimedi, 1964. (ph. Lisetta Carmi-Martini & Ronchetti)