Заврши 15-ти Јубилејно издание на Локум фест
Со величенствениот настап на КУД Илинден со музичко – сценски перформанс „ Приказни од чаршијата“ заврши 15-ти Јубилејно издание на Локум фест – музика и традиција 2021.
![](https://elemental.mk/wp-content/uploads/2021/07/DSC_8265.jpg)
Во рамките на дополнителната програма се оддржа традиционалниот „Саем на ракотворби“ со ЗУР Македонски ракотворби кои презентираа дел од нивните креации инспирирани од народната традиција.
![](https://elemental.mk/wp-content/uploads/2021/07/DSC_8157.jpg)
Посебен куриозитет претставуваше изложба на раритети , особено за прв пат промовираниот „Грамофон на Манаки“ како и автентични фотографии од боемскиот живот во Битола, изданија и фонографија од богатиот фонд на Државниот архив – одделение Битола. Вечерта беше дополнета со музички настапи на чалгиски и други групи кои настапија во разни локалии низ чаршијата.
Петнаесетото издание на Локум фест , покажа дека постојаното вложување во културата , истрајноста и програмската иновативност ја прави културата конкурентна противтежа на масовната естрадна „култура“ и е вистинско освежување за публиката која е заситена од естрадизација. Останува надлежните и останатите фактори на одлучување да го препознаат јавниот интерес и да го поддржат истиот во насока на градење на квалитетен , оддржлив и препознатлив културен дискурс на локално и национално ниво.