Кон ”Шардоне и шпагети карбонара”
Години. Дали се само број или носат со себе и мудрост?
Дали бројот на свеќичките за роденден кога наближува кон триесетката значи созревање? Зрелоста и животните одлуки некогаш немаат поврзаност. Дали чаша шардоне повеќе ќе овозможи да изгледаат разговорите и одлуките зрело или сепак ќе мора да се превземат посериозни чекори кон себеспознавање и себепронаоѓање?
Овие и уште многу низа прашања се ројат во главата на Миа. Млада, амбициозна, вработена, во слободно време писателка со одличен успех на тоа поле, крие во себе страшен проблем. Анксиозност, страв, траума од несреќа која ја променила целосно пред три години. Во потрага по себеси, самодовербата и љубовта, само уште подлабоко ќе навлезе во интригите на еден однос што треба да биде само пријателство.
Низ неколку сеанси, неколку порции шпагети карбонара, шардоне, љубомора и несигурност ќе станете дел од животот на Миа и Милан кои како најдобри пријатели несвесно меѓусебно ќе се повредуваат.
Една поинаква книга за самопомош која навистина ќе ти помогне во борбата, прво со самиот себе, а потоа и со сопствените мисли и одлуки, стравови и гревови, при тоа овозможувајќи ти една поинаква перцепција на емоциите, состојбата на свеста, зрелоста и донесувањето на важни одлуки во животот.
Прво сакај се себе, за да можеш да љубиш вистински, а и да можат другите во тебе да препознаат личност вредна за почит и љубење.
Моника Палоска