Филип Букршлиев Трио во Аудиокултура

“Крај Вардарот сесии” во Аудиокултура со Филип Букршлиев Трио беше уште едно фантастично искуство и музички перформанс кој ќе ја збогати содржината на винилот “Најдоброто од крај Вардарот сесии во Аудиокултура”.

Грандиозно трогателни џез балади и исклучително световни гитарски соло делници во фантастична изведба на Филип Букршлиев Трио е материјалот од овој извонреден настап во живо кој ќе остане документиран како уникатен и врвно квалитетен, со крајна цел да се најде запечатен на винилот „Најдоброто од крај Вардарот сесии во Аудиокултура“.

Филип Букршлиев Трио е слободно-пловечката џез трио формација. Во CV-то на нејзините членови стојат состави како Taxi Consilium, Летечки Пекинезери, Пијан Славеј, Јордан Костов Quintet/Ensemble, Setstat, Fighting Windmills, Svetlost + Odron Ritual Orchestra, Строг Пост, Aspirin Moon, Kanton 6. Досега имаат едно долгосвиречко издание, A Disc Jockey’s Crisis of Conscience [PMG Jazz / 2020]. Моментално работат на неговиот наследник. Со овој концерт пропорционалната застапеност помеѓу стариот и новиот материјал е точно 50/50.

Преку фото галерија креирана од Стефан Рајхл, споделуваме дел од одличната атмосферата во сите уживавме.