“Live at Audioukultura” – квалитет во континуитет

Саботата која измина во Аудиокултура се одржа уште еден фантастичен настан од концептот „Live at Audiokultura“ (50 guests limited) на кој свој настап во живо реализираа Slich & Chic sextet во состав: Искра Србиновска – вокал, Калина Велковска – вокал, Гордан Спасовски – клавијатури, Иван Бејков – контрабас, Кирил Кузманов – саксофон и Виктор Филиповски – перкусии.

Преку изведба во живо на сесија македонски евергрини во мека џезирана варијанта, Slich & Chic sextet го доловија сиот шарм кој во себе го носи оваа музика.

Звучната репродукција и на овој настан се реализираше преку системите од teoharov audio, овозможувајќи ни нова доза од музичка и звучна перфекција, занесна, топла и пријатна атмосфера. Веќе стана сосема природно. Тука доминира перфекција. И овој настан се вклопи во низата на настани кои сервираат точна доза на префинетост и различност со кои ги изненадуваат посетителите и ги надминуваат нивните очекувања, одново потсетувајќи ги дека секогаш може повеќе и секогаш може подобро.

Фантастично.

И сосема спротивно на она непишано правило дека во целото плодно, квалитетно и препознатливо творештво, едно нешто се издвојува како посебност, се издигнува високо над сè друго и засекогаш останува таму, како ореол по кој ќе се биде секогаш препознаен.

Аудиокултура дефинитивно го руши тоа правило.

Тука има континуиран и бескомпромисен квалитет. Од секој аспект.

Секој следен настан носи своја уникатност, своја енергија, своја совршеност. И секој следен е нова гранка која никнува на стеблото Аудиокултура, никако не засенувајќи ја онaa претходната, нити онаа идната која допрва ќе се појави. Импресивно.

Елементал: Да се биде публика во Аудиокултура е привилегија и вистинско задоволство. Какви се искуството и импресиите од Ваша страна?

Искра: Доживувањето е слично и од оваа страна. Прекрасно е што еден специфичен концепт како Аудиокултура се реализира толку успешно и комплетно уживање е перформансот во тие услови и таков инспиративен амбиент. Благодарни сме на поканата и се надеваме на идна соработка. 

Генерален покровител на „Live at Audiokultura“ е Комерцијална банка, а Винарија Камник и Теохаров аудио се официјални поддржувачи.

Текст: Бон&Бона