Концерт за деца со оркестарот на Филхармонија
![](https://elemental.mk/wp-content/uploads/2023/03/24302358_10155956540108011_1790421419659222653_o-1024x683.jpg)
В сабота, во 12 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го одржи концертот за деца насловен „А Zoo Called Earth“. Диригент е Ангел Спировски, а како солисти ќе настапат пијанистките Ивана и Ана Мазнејкови. На програмата се „Карневал на животни“ од К. Сен-Санс и „А Zoo Called Earth“ од П. Шикл. Режисерка е Тамара Стојаноска, аниматор е Бобан Алексоски, а визуелизација и анимацијата се на Иван Коминовски. Концертот се реализира во соработка со Театар „Златен Елец“ Скопје.
Приказната е за еден магионичар кој понекогаш е кловн, но секогаш – чувар на нашата планета. Заедно со оркестарот на Филхармонија и еден „вонземјанин“ ќе ги поведат најмладите на магично музичко патување со „Карневалот на животните“ од К.Сен-Санс и „А Zoo Called Earth“ од П. Шикл. Преку многу музика, интеракција и анимација децата ќе учат за животните, за природата и ќе ги потсетиме колку е важно да ја чуваме и сакаме нашата планета земја!