36. издание на изложбата на студентска графика

Месец мај, секогаш бил во знакот на настани кои значат заокружување на студентските уметнички проекти, па така по 36. пат се одржа традиционалната изложба  „Студентска графика – Драгутин Аврамовски-Гуте“. 

На неа учествуваа студенти на катедрите по графика и по ликовна педагогија – насока графика. Ова е традиционална изложба која ги прикажува извонредните таленти на студентите од ФЛУ. 

Овој настан се одржува со поддршката на компанијата TASKFORCE, која верува дека инвестирањето во уметноста и поддршката на младите уметници е инвестиција за нашата колективна иднина. Со зајакнување на следната генерација уметници, поттикнување на иновации и креативност, придонесуваме за поубаво и похармонично општество, што е одличен пример кој треба да го следат и други компании.