Моќта на одржливоста – завршница на Моден Викенд Скопје (FWSK)

Скопскиот моден викенд го заврши своето 27-мо издание, оставајќи зад себе ехо од трансформативни дискусии, еклектични дизајни и иновативни одржливи концепти. Тридневниот настан, сместен во неконвенционалeн, и необично адаптиран амбиент  на комплексот Урбан Гарден – Голден Арт, беше епицентар на иновативна мода и на  значаен дијалог, позиционирајќи го Скопје како потврден претходник во промовирањето на свесната мода во регионот.

Спој на уметност и мода беа трите денови на овој настан, а во тој правец беше и заокружувањето во последниот ден со моќни интеракции. Прво стартуваше работилницата “Redesign” by SIEC и гардеробé, која е некој интересен спој на традициите и новото време, а потоа се отвори клучната јавна дебата на тема „Улогата на заедницата во свесниот дизајн“, на која зборуваше уметникот, чие творештво поттикнува дијалог помеѓу човештвото и неговата околина Никола Узуновски, а беше модерирана од Љубица Ангелкова. Ставовите околу тоа како дизајнот и науката се вклучени во уметничките истражувања и како може да се влијае врз заедницата со свесен дизајн, ставовите на овој уметник ги открија и  перспективите за можна вклученоста на заедницата во воведувањето на нова ера на свесен, одржлив дизајн.

Новите таленти беа центар на вниманието со иновативните колекции на студентите по моден дизајн од школата СКАЛА „Џолев и уметности“, со поддршка на Фондацијата Божиновски. Овие свежи лица на модната сцена го покажаа своето разбирање за одржливата мода, испорачувајќи дизајни кои предизвикуваат размислување и кои ја балансираат естетиката со одговорноста.

Одржливост во акција презентираше и Хана Зеќа, основачот и дизајнерот на Fight or Flight Studio, презентирајќи го нејзиното одлично шоу, „Deadstock Generated“, кое беше живописно претставување на одржливите дизајнерски филозофии, истакнувајќи го потенцијалот на занемарените материјали во создавањето модни ремек-дела.

Есенското издание на Моден викенд Скопје своето финале го имаше во необичната колекција претставена од дизајнерката Амра Исмани под нејзиниот бренд AЯMMA, во револуционерна соработка со IQOS. Овој последен сегмент беше хармоничен спој кој ја опфати и суштината на овој трансформативен настан.

Во трите денови на оваа иста локација свој корнер имаа и:

– Мирјана Јосифоска, позната по своите одржливи капи изработени од етички, рециклирани и природни материјали

– Академската сликарка Љубица М. Солак со колекцијата „ANABASIS“, истакнувајќи ја елвацијата  на модата преку уметност

– Магдалена Таневска, одржлив моден дизајнер посветен на придонесот за поодржлив начин на живеење и работа со својот нов бренд NOT COL

– Александар Топиќ, мултиталентиран дизајнер од Нови Сад, Србија, кој ги прикажа своите уникатни креации.

Организаторот и со ова 27. издание ја потврди трансформативната суштина на Моден викенд Скопје, нагласувајќи ја неговата улога дека е повеќе од настан – тоа е револуционерно движење кое инволвира многуте страни да навлезат длабоко во повеќеслојната област на современата модна култура и да се приклучат во обликувањето на иднината каде што модата ја надминува естетската привлечност и станува средство за влијателни, одржливи промени.

Ова издание на Модниот викенд Скопје постави и нов репер на модната сцена, поттикнувајќи дијалози за промени и истражувајќи ја длабоката улогата на заедницата во обликувањето на свесните модни наративи. Инспиративниот спој на дизајнот, одржливоста и ангажманот на заедницата на Моден викенд Скопје (FWSK) ја утврди позицијата на Скопје во одржливата модна сфера и инспиратор во поширокиот регион.