Александар Сотировски на стрип фестивалот Гран Фест во Приштина
Македонскиот стрип мајстор Александар Сотировски од 17 до 19 Мај учествуваше на веќе традиционалниот Стрип фестивал „ГРАН ФЕСТ’ кој се организираше во Приштина , во Националната библиотека на Косово .
Сотировски,во почетокот на својата кариера паралелно работеше како илустратор и дизајнер во многу рекламни агенции на Балканот (повеќе од 18 години), сè до 2004 година, кога одлучи да се фокусира само на цртање.Во својата повеќе од 35 години долга кариера, многу горд што всушност го живее својот сон – илустрирал стотици книги и графички романи, за огромен број клиенти ширум светот и сè уште работи со истиот ентузијазам како и првиот ден. Моментално живее во Скопје, Македонија.
Инаку ГРАН ФЕСТ се организира под идеја и реализација на Гани Јакупи , стрип автор којшто живее на релација Косово-Шпанија.Истиот оваа година се организира по 4 пат и во Косово е единствен специјализиран стрип фестивал(наспроти други настани со карикатура.Организаторот традиционално се погрижи да обезбеди реномирани светски стрип имиња со коишто е близок пријател.
Вреди да се истакне дека соработката на Гани Јакупи со македонската стрип сцена е започната преку дејноста на Стрип центарот од Велес .Така тој учествува со свое стрип дело во проектот „ Проект „НОВИ БАЛКАНСКИ ПРИЈАТЕЛСТВА“ 2014 г финансиран од страна на Фондацијата „ПРИНЦ КЛАУС“ од Холандија, во 2019 е објавен превод на неговата стрип книга „ХАВАНА .САД“ и , конечно, 2021 е учесник во тродневниот настан во Велес , како дел од тригодишниот проект „CAN FOR BALKANS” финансиран од програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА.