„Цртање на асфалт“ 2024

ЈУ. Детски културен центар – Карпош традиционално и оваа година ќе ја реализира манифестацијата „Цртање на асфалт“ која се одржува по повод 24 Мај денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј во која учествуваат предшколските установи  од Скопје.

         Манифестацијата „Цртање на асфалт“ која оваа година ќе биде под мотото – Ја учам азбуката, моите први букви ќе се одржи во Детски културен центар Карпош, денес, 23.05.2024 година (четврток) од 10:00 часот.

ДКЦ „Карпош“ ќе обезбеди материјали за цртање (креди во боја) и пригодна програма за учесниците.