“Audio comparation” – нов концепт од Теохаров и Аудиокултура
“Audio comparation” – нов концепт од Теохаров и Аудиокултура
Креирајќи ја Аудиокултура, Теохаров суптилно ја сподели својата пасија кон музиката и квалитетниот звук, посветено залагајќи се истата да стане непресушно креативен извор кон кој ќе пристапат што поголем број на луѓе кои ја делат истата страст.
Мисијата е повеќе од успешна.
Аудиокултура веќе не е само промотор, креатор и градител на здрава култура. Со идеи, но и со работа, со посветеност и истрајност, Аудиокултура идејно и посветено води моќно културно движење кое веќе е широко препознатливо по низа специфичности, врвен квалитет, уникатност и неодолива привлечност.
Предводнички и визионерски, кон звуковно и музичко облагодорување, Аудиокултура го најави „Audio comparation”- нов долгорочен концепт кој ќе започне да се реализира од утре, 14.03.2023 година.
„Audio comparation” се музички работилници од отворен карактер на кои посетителите ќе имаат можност за истражување и компаративно анализирање на перформансите од сетапот на месецот кој Аудиокултура ќе го најави непосредно пред работилницата.
Целта на работилниците е потенцирање на можноста за индивидуални или групни презентации на кои посетителите, преку одлична музика, ќе имаат можност одблиску да се запознаат со детали за hi-end аудио опремата и спецификите на звукот кој го репродуцираат. Како крајна цел, личното искуство е одлична можност за уникатно доживување на музиката, селектирање, подредување и категоризирање на нијансите од кои се креираат индивидуалните преференците и склоности кон одреден тип на Hi-End аудио опрема.
На утрешната работилница која започнува во 18 часот, посетителите ќе имаат можност за директна споредба на Teoharov C-type loudspeaker I и Focal Kanta 1.
Како извор на звук и засилувач ќе се користи новиот продукт од teoharov audio – NetAmplifier.
Текст: Бон&Бона