“Горчливите солзи на Петра фон Кант“ вечерва во Македонскиот Народен Театар
“Горчливите солзи на Петра фон Кант“ вечерва во Македонскиот Народен Театар
![](https://elemental.mk/wp-content/uploads/2022/03/12.Petra-Gabriele-2.jpg)
Љубовната драма „Горчливите солзи на Петра фон Кант“ во режија на Ивица Димитријевиќ вечерва во Македонскиот Народен Театар ја има својата премиера .
Колку нарцисоидноста, егото, доминантноста, славата и парите можат целосно да завладеат со нашата личност мислејќи дека се што посакуваме нас ни припаќа .
И како цела таа слика умее да го лажира нашето секојдневие и да ја измести нашата перцепција, а од друга страна пак не судрува со празнината во себе , осаменоста и потребата по допир, бакнеж, нежност, внимание и љубов .
За модната дизајнерка Петра фон Кант, накратко со Драгана Костадиновска .
Елементал : Колку жедта за љубов знае да не однесе во погрешни правци и колку ние некогаш несвесно, поради нашите стравови, љубовта ја канализираме во опсесија и поседување ?
Драгана : Не мислам дека потребата за љубов е тоа што ги комплицира или первертира меѓусебните релации. Потребата да припаѓаме некому, да бидеме сакани се толку природни и пријатни чувства. Она што прави да застраниме во начинот на кој што сакаме и очекуваме да бидеме сакани зависи од начинот на кои сме воспитувани, родителските модели од кои сме учеле да сакаме, општествените норми и притисоци и слични околнисти. За мене многу значајно и мајсторски во текстот на Фасбиндер е тоа што една камерна драма нуди прекрасна анализа на односите на моќ и козависност меѓу пет женски лика, како и начинот на кои позциите на прогонителот и жртвата можат да се сменат. Фасцинантно е како еден толку клаустрофобичен сетинг може да биде толку апликабилен во поширок општествен контекст.
Покрај оваа приказна наспроти имаме МОЛК , ја имаме Марлен и една бледа ,,мала“ сенка која суштински ја одсликува невидливоста и понизноста на немиот човек прикажана како една голема МОЌ .
За Марлен, накратко со Софиа Насевска-Трифуновска
Елементал: Мерлен водечката сенка во целата претстава , нејзиниот молк како одраз и одговор на нејзината тежина. Наталожена болка, пониженост, тага и љубов … Кој е всушност оној тригер кој ја поткрева достоинствено да застане до себе си и храбро да ја затвори вратата на љубовта ?
Софиа : Поривот да се одбрани карактерот и личноста е всушност патот на себеспознавањето кој Марлен го оди. Од таа тивка столчена покорност, која бидува згазена и невидлива, мора да се изроди некој поинаков дух и сила, мора да се подигне свеста за сопственото достоинство и вредност, за оттаму да се даде шанса на духот да расцвета. Тоа е мојот стремеж за Марлен и мојата желба за неа. Таму е оптимизмот и слободата, па и тлото на ликот.
Марлен е невидлива убавина која молчејќи го добива гласот и таму е нејзината моќ.
Драгана Костадиновска – Петра фон Кант
Сара Анастасовска -Карин Тим
Сашка Димитровска -Сидони фон Гразенаб
Софиа Насевска-Трифуновска Марлен
Тања Кочовска Валери фон Кант
Анастасија Аневска Габриеле фон Кант.
Костимите се дело на Ирина Тошева, консултантка за сценографија е Кристина Божурска, а музиката ја напиша Јане Трајковски. Следните изведби се закажани на 4 и 22 март со почеток во 20 часот.