„Плажа на вечниот ветер“
Денес, 5ти Ноември 2020 година, низ целиот регион ќе се прикажува документарниот филм “ПЛАЖА ВЕЧНОГ ВЕТРА” посветен на неповторливиот Милан Младеновиќ, гитарист и пејач на Екатерина Велика. Во режија на Ѓорѓе Марјановиќ, филмот е направен од приватни VHS снимки забележани за време на престојот на Милан Младеновиќ и Митар Суботиќ Суба во Бразил. Сликата е придружена со извадоци од дневникот на Милан, кои тој ги водел во тоа време, а нарацијата на Светозар Цветковиќ и дава особено трогателен тон на оваа филмска приказна.
Документарниот филм “Praia Do Ventu Eternu” го доби името по песната од албумот „Ангелски здив“, што значи „Плажа на вечниот ветер“, бидејќи во филмот може да се види моментот на создавање на оваа песна, извесуваат од Здружението Милан Младеновиќ кое неуморно работи на зачувување на делото и споменот на Милан.
Милан Младеновиќ е роден на 21 септември 1958 година во Загреб.
На крајот на осумдесеттите, тој ја основал групата „Лимоново дрво“, потоа познатиот бенд „Шарло Акробат“, но најголемата слава ја стекнал во групата „ЕКВ“.
Критичен кон сите негативни појави во општеството, Милан никогаш не се двоумел, преку музиката, гласно да го изкаже своето мислење, на тој начин оставајќи дела како темел на современата културно-уметничка сцена и создавајќи армија следбеници и обожаватели од целиот регион.
Поради тоа, промоцијата на документарецот ќе се прикажува во Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, но и преку интернет каналот на Здружението Милан Младеновиќ.
Милан Младеновиќ почина на 5 ноември 1994 година во Белград.
Автор: Бон&Бона