Фрeнк Запа е американски интелектуалец кој за време на својот живот и триесетгодишна кариера беше „чад над водата“, енигматско присуство во светот на музиката. Тој лебди на и околу границите на рокот, џезот, блузот и класичната музика, гравитирајќи кон музика која честопати е отфрлена како премногу чудна за да стане дел од мејнстримот (но тоа не ги вознемирувало премногу неговите препознатливи мустаќи-тој се препуштил на виртуелна анонимност и дури се радувал на идејата да биде непознат музичар). Токму во таа левитација е причината зошто неговата публика го сака: Фрeнк се осмели да живее надвор од границите, го искористи својот необичен музички талент за да го предизвика статусот кво, беше отворен критичар на сè, од менталитетот на стадото на средната американска класа до цензурата на рокенролот, го проповедаше отклонувањето од нормата како прогрес, се бореше против конформизмот и го критикуваше лицемерието и претензиите на американскиот политички естаблишмент – лошите закони кои ретко се применуваат, културата на американската самозадоволна субурбиа како и културата што се спротивставувала на тоа (најпознат пример е неговото прво издание со оригиналните Mothers of Invention, двојниот албум Freak Out! (1966), кој имал клучно влијание врз албумот Sgt. Pepper’s Lonely Hearts Club Band на Битлси, издаден следната година. По пат на лукаво признание, насловната страница на третиот албум на Мајките, „We’re Only in It for the Money“ (1968), го пародирала оној на Sgt. Pepper’s, исто како што неговата музика ги оспорувала визиите на Битлси за љубов и убавина со намерната „грдост“ со која Запа го нападнал она што го сметал за тоталитарен орнамент на хипи субкултурата).

Запа е првокласен културен стршлен, еден од најголемите во рок – ерата, кој несомнено поседува широк спектар на вештини и интереси, инстиктивен постмодернист кој ги урива бариерите и хиерархиите што ја одделувааат „високата“ и „ниската“ култура.

Незаборавно е сведочењето на Запа против цензурата во музиката пред Конгресот на САД во 80-тите години на минатиот век. Неговата посветеноста на индивидуалната слобода, ставовите дека Владата е забавен оддел на милитантно-индустрискиот комплекс, луцидната констатација дека комунизмот не може да опстане затоа што човекот сака да поседува ствари, природно го водат во пресрет на Кадифената револуција во Чехословачка (1989), каде Запа по покана на Вацлав Хавел престојува во Прага и е прогласен за специјален амбасадор на Запад во трговијата, културата и туризмот. По интервенција на американските власти, Хавел ќе го повлече назначувањето.

Запа е плоден воркохолик кој издаде повеќе од 60 албуми во својата тридецениска кариера. Иако честопати се шегувал дека добрата музика е веќе напишана од луѓето со перики, „најпознатите мустаќи“ станаа заштитен знак и по смртта на овој современ оркестарски композитор кој е бескомпромисно вкоренет во авангардната традиција на 20 век; ерудитен љубител на езотеричните традиции на рокенролот и ритамот и блузот; иновативен продуцент на плочи кој со употребата на брзи техники за уредување им претходи на подоцнежните иновации на хип-хоп музиката и е еден од најголемите импровизатори на електрична гитара на генерација која ги вклучуваше Џими Хендрикс, Ерик Клептон и Џеф Бек.

Легендата за „Музичкиот Франк-енштајн“ продолжи да живее и по неговата смрт (од рак на простата во 1993 година). Доби постхумни почести кога беше изведен сет од неговите дела во лондонскиот Ројал Алберт Хол (во 1970 му беше забрането да настапува во Алберт Хол, поради некои посолени стихови од филмската снимка 200 Motels (1971).

Фрeнк Запа е примен во Rock and Roll Hall of Fame во 1995 година, а во 1997 година стана добитник на Греми наградата за животно дело. Неговиот живот е прикажан во документарецот Eat That Question: Frank Zappa in His Own Words (2016).

Автор: МАНА