“Live at Audiokultura” со Unleashed cooperation од Полска

Саботата која измина, во Аудиокултура, полскиот бенд Unleashed cooperation, преку изведба во живо на авторска музика приреди вистинско уживање за сите посетители.

Спојот на одличните џез композиции и врвниот звук од системите на Teoharov audio, секогаш чинат вистинска магија преку која апсорпцијата на музиката и нејзиното доживување добиваат една сосема поинаква димензија. Едночасовното извонредно музицирање опфати композиции од нивниот прв албум низ кој се проткаени мисли, инспирации, чувства, силна поврзаност, соработка, соживот и интеракција за кои веруваат дека се алатки преку кои може да се промени светот на подобро.