“Live at Audiokultura” со Amalia Baraona од Португалија

Извонредна музичка вечер се впечатоците од саботниот настап во живо на Амалиа Бараона во Аудиокултура.

Изборот од авторски џез композиции во чија основа лежи познатиот Боса Нова жанр, пред публиката беше презентиран преку маестрална изведба и хармонично музицирање на Амалиа и бендот во чиј состав беа Андрја Станновиќ, Андреа Мирчевска, Славчо Коцев и Тони Китановски како гостин.

Звучната репродукција на овој “Live at Audiokultura” настан беше реализирана преку системите од Teoharov audio.

Преку фото-галерија на Стефан Рајхл пренесуваме дел од оваа прекрасна музичка вечер која е уште една плус во низата од концерти со кои Аудиокултура, заедно со своите поддржувачи, во континуитет гради квалитетна музичка култура и се залага за нејзина широка достапност.