“Students play music at Audiokultura”

Беше вистинско задоволство да се присуствува на настанот “Students play music at Audiokultura” на кој главни протагонисти беа:

Емил Ејупи – бас,

Јан Стефановски – бубањ,

Александар Ѓоргиевски -пијано и

Сара Ташкоска вокал, сите студенти на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев од Штип.

Едночасовното музицирање опфати маестрална изведба на џез композиции преку кои талентираните музичари направија бројната публика да ужива во музика пренесена со младешки, амбициозен и софистициран стил.

Споделуваме фотогалерија од овој прекрасен настан кој е репер за достојна поддршка и афирмација на талентираните музичари како клучни сегмент при градење на нивните музички кариери.

Звучната репродукција на настанот се реализираше преку hi-end аудио системите од Teoharov audio.