Датум за паметење
09.03.2004
За првпат FxPxOx ќе се појават на заеднички сингл со некој друг бенд, во случајот со американците „My Revenge”. Ова е и прв сингл на кој се наоѓа македонски бенд, а синглот да биде во боја. Поточно постојат синглови во пет различни бои, што го прави уникатно издание во македонската дискографија. На овој сингл се наоѓа и единствената трака на FxPxOx, Straight to the point, која четири години подоцна, во малку поинаква верзија, ќе се најде и на друг винилен носач на звук, истоимениот и самостоен на FxPxOx – Straight To The Point.
09.03.2018
Во фоајето на „Кино Фросина”, се случува промоција на винилното реиздание на истоимениот деби-албум на скопската група Bastion кое за остатокот од светот ќе биде пуштено во продажба шест дена подоцна, на 16.03.2018. Ова издание е потпишано од издавачка куќа „ACC Records“ од Англија, зад која стои италијанката Флора Питроло. На промоцијата изданијата ги потпишуваа членовите на групата Кирил Џајковски, Љубомир Стојсављевиќ-Кучкар и Ана Костовска. Недостасуваше неформалниот, четврт член на групата, режисерот Милчо Манчевски. Но она што најмногу недостасуваше е настап на бендот, кој последен пат заедно има засвирено 35 години претходно, во 1985 година.
извор: Македонски рок времеплов – Тошо Филиповски